Запознајте не


За Б+Ф Глобал

НВО Б+Ф Глобал е основана од Билјана и Франк, две личности кои доаѓаат од две различни средини кои се обединети во взаемната пасија да им служат на другите. Со визија за да извршат значајно влијание, тие ги носат своите искуства, вредности и посветеност создавање на организација која ги става луѓето на прво место.

Од почетокот, Б+Ф Глобал е воден од посветеност кон извондредност, иновации и социјална одговорност. Дали преку помош во заедницата, бизнис решенија или хуманитарни иницијативи, Билјана и Фрак неуморно работат да ја остварат својата мисија на служење која е сржта на се што прават.

Фокусирани на соработка и интегретитет, Б+Ф Глобал се стреми да израсне во доверлива организација која поттикнува позитивни промени, ги зајакнува поедниците и заедниците. Нивното патешествије продолжува преку обидите да се прошири и порасе нивниот дофат и да создадат долготрајни промени во животите на оние на кои им служат.

Нашата Визија

НВО Б+Ф Глобал не беше создадена од каприц – тоа е долгогодишен сон кој беше негуван во срцата на Билјана и Франк, чекајќи на вистинскиот момент да се реализира. Нивната визија е:

  • Подршка на ранливи категории на луѓе преку обезбедување на основни потреби

  • Давање на зборови на надеж и обновување за да се подигне и телото и духот

  • Инспирирање на љубов за животот и охрабрување на луѓето да го живеат животот во полнота.

  • Поучуваање на принципи за хармоничен и наменски живот

Нашата база на влијание

Охрид, често нарекуван „Мал Ерусалем“, е избран како срцето на мисијата на Б+Ф Глобал – не случајно одбран, туку преку длабоко убедување. Сместен покрај едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, Охрид кој е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, има огромно духовно и историско значење. Во IX-ти и X-ти век, Охрид беше домот на еден од најраните универзитети во Европа, витален центар на христијанско учење кој обучи преку 3000 свештеници и помогна да се оформи духовниот идентитет на Словенскиот свет.

Ова наследство на длабоко вкоренета вера, наука и културно влијание го прави Охрид длабока почетна точка за ново поглавје – кое што одекнува со трансформација, обнова и надеж. Исто како што ранохристијнаската црква влијаеше на генерации надвор од нејзините границите, Б+Ф Глобал се стреми да поттикне сличен домино ефект – духовно, релациски и практично.

Додека нашиот фокус е моментално во историските охридски улици и крајбрежните заедниците, нашата визија се простира многу подалеку. Ова го гледаме ова како отскочна даска за пошироко влијание низ Балканот и пошироко – градење на движење кое поттикнува локална сопствеништво, одржлив раст и холситичка трансформација насекаде.

Билјана МекНама

Билјана, Македонка, од секогаш беше водена од длабока пасија за поучување и служење на другите. Со силна позадина и во улоги фокусирани на луѓе и во лидерски позиции, таа има богато искуство во водење и поддршка на поедници од различно позадини. Нејзината постветеност на негување на позитивни промени во комбинација на менаџерско искуство, ѝ овозможува да го води Б+Ф Глобал како место за зајакнување, грижа и трансформација. Под нејзино водство, организацијата се стреми да создаде пријатна и поддржувачка средина каде поедниците можат да растат, да напредуваат и да го достигнат својот полн потенцијал.

Франк МекНама

Франк по потекло од Северна Ирска (Белика Британија), длабоко ја засака Македонија од моментот кога стапна на нејзиното тло. Неговата посветеност кон земјата и луѓето уште повеќе се продлабочи кога се ожени за Македонка, уште повеќе се продлабочи неговата повразност со културата, традициите и заедницата. Оваа лична повразност ја поттикнува уште повеќе неговиот ентузијазам за длабоко влијание, како на индивидуално ниво, така и во поширокото општество.

Познат по својата непоколеблива работна етика, практичен пристап и вистинска желба да им помага на другите, Франк стана интегрален дел од мисијата на Б+Ф Глобал. Неговиот практичен начин на размислување и вештините за решавање на проблеми му овозможуваат диркетно да се справува со предизвиците, осигурувајќи дека организацијата останува ефикасна во обезбедувањето поддршка и ресурси на оние на кои им се потребни. Без разлика дали работи позади сцената или директно се занимава со поедници, посветеноста на Франк на услугата блеска во во сè што прави.