
Добредојдовте во Македонија
„Македонија: Каде Евангелието прво ја досегна Европа“
Македонија има посебно место во мисиското патување на апостол Павле – за прв пат евангелието дојде во Европа. По примањето на визијата од Македонецот кој повикуваше за помош (Дела 16:9=10), апостол Павле веднаш замина, пристигнувајќи во Филипи.
Таму се сретне со Лидија, чие срце Господ го отвори за да ја приме пораката (Дела 16:14-15), и подоцна, дури и во затвор, Павле и Сила го славеа Господ – што доведе до земјотрес и спасение на чуварот на затворот и неговото семејство (Дела 16:25–26).
И покрај потешкотиите со кои се среќаваа, македонските цркви беа прочуени по нивната радост и дарежливост (2 Коринтјани 8:2) и имаа посебно место во срцето на aпостол Павле, особено Филипијаните на кои име се заблагодари за нивното верно партнерство за евангелието (Филипјани 1:3-5).
Денес Македонија не е богата само со пејсажи – тоа е земја низ која одекнува вера, храброст и послушност на Павловото патешествие.


Богата Историја
Низ вековите, Македонија стоеше на крстосницата на империите, обликувајќи го и преобликувајќи го својот идентитет преку слоеви на освојување и култура.
Во антички времиња беше домот на кралството на Македонија, славно управувано од Александар Велики во IV век п.н.е., чија империја се протегаше од Македонија до Индија (види Плутрах, Животот на Александар).
По нејзината интаграција во Римската империја во II-ти век п.н.е., Македонија стана клучна римска провинција. По падот на Рим, преминува во Византиската имеприја (Источното Римско Царство), доживувајќи богат период на православно христијанско влијание и населување на Словените.


Низ вековите, Македонија доживеа подеми и падови на различни империи, вклучувајќи ги Римската и Византиската империја, а подоцна стана дел од Османлиската власт речиси пет векови. Дваесеттиот век беше од исклучително значење, со Балканските војни и поделбата на Македонија пред Првата Светска Војна.
Конечно, во раните 1990-ти, Македонија прогласи независност од Југославија, што доведе до борба за идентитет и признавање што продолжува да го обликува нејзината политичкиа и културна сцена денес.


Егзотична храна
Македонската кујна е шарена таписерија на вкусови и традиции, длабоко вкоренети во богатата историја и културна разновидност на земјата. Карактеризирана со свежи состојки од локално потекло, кулинарскиот пејзаж содржи богати јадења кои ги одразуваат и медитеранските и балканските влијанија.
Осноовните јадења како ајвар, печен намаз од црвена пиперка, и сарма, зелка полнета со мелено месо и ориз се типични македонските специјалитети.
Дополнитеклно, употребата на ароматични билки и зачини го подобрува вкусот на месото зготвено на скара, и разните манџи, правејќи ги јадењата прекрасно искуство. Сезонскиот зеленчук игра значајна улога, често се наоѓа во салати како шопска, која комбинира зрели домати, краставици, кромид, пиперки и сирење. Топлината на македонското гостопримство е отелотворена во нивните обичаи за јадење, каде храната не е само храна, туку и начин да се соберат луѓето, правејќи го секој оброк прослава на културата и заедницата.
